за

Велосипедот на BMW речиси вози сам

Бојата на велосипедот одговара на автомобилот? BMW отсега ја нуди и таа можност. Но, таа е достапна само за мал круг купувачи и само за еден специјален модел.

Овој велосипед е наменет за спортско возење, но не само поради тоа што возачот мора сам да ги врти педалите, туку затоа што велосипедот е производ на сопственото „спортско“ одделение – M GmbH. Неговото име е Cruise M-Bike и пристига точно навреме за почетокот на сезоната на две тркала, во карактеристичната „остин-жолта“ боја. Единствено ограничување е бројот на примероци. BMW ќе произведе само 500 парчиња од велосипедскиот сродник на M3 & Co. За цената од 1.400 евра, покрај велосипедот се добива и сертификат дека M-Bike е „Limited Edition“.

Стандардната верзија на велосипедот чини 1.099 евра. Рамката е изработена од алуминиум, а за намалување на тежината, за неколку компоненти се користи карбон. Препознатлив белег е таканаречениот „биковски врат“ во предниот дел од горната цевка, којшто потсеќа на резервоарот кај мотоциклите. BMW меѓу другото, произведува и мотоцикли, ако некому не му се допаѓа вртењето педали, без разлика што се работи за производ од омилената куќа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автономните возила предизвикуваат гадење

Aston Martin подготвува конкурентски модел на Tesla