Германија пред четири години ја освои титулата во Бразил. BMW сега го подгрева навивачкото расположение со уникатен BMW M2 Competition
Неодамна претставениот топ-модел во серијата 2, BMW M2 Competition, повторно е на врвот на актуелноста, со ексклузивни додатоци од M Performance. Повеќето од овие делови се изработени од карбон, кои дискретно го менуваат изгледот, но е многу поважно тоа што одземаат во тежина.
Хаубата, на пример, комплетно е изработена од овој лесен и ексклузивен материјал – којшто во меѓувреме стана рутина на BMW, бидејќи карбонот веќе со години се вградува во поголем обем во i3 и i8.
Внатре прво се забележува воланот од понудата на M Performance, со карактеристична геометрија, ознака за 12 часот, и секако, обложен со алкантара. Спортската атмосфера дополнително ја подгреваат бирачот на степени и рачката на паркирната сопирачка со карбонски финиш. Потпирачот за левото стопало и додатоците на педалите се од благороден челик. Назад има заден спојлер и дифузор со печат на M Performance, во истиот „карбонски“ стил.
Со линиски шестцилиндарец во најдобрата традиција на Минхен, истиот од M3 и M4, BMW M2 Competition впрегнува 410 КС и спринтува до сто за 4,4 секунди. Со менувач со двојна спојка се одземаат уште две десетинки. Сопирачките клешти со 6 клипови се во црвена боја и истите „гризат“ во композитни и перфорирани сопирачки дискови. Задните клешти имаат „само“ 4 клипови.
Во духот на моментот, специјалниот BMW M2 Competition за појавување по салони има неколку подрачја коишто се покриени со фолија во боите на германското знаме – црна, црвена и златна. Детал од времето: Црн натпис M Performance Parts на ветробранот.
Познавачите нема да ги пропуштат 19-инчните бандажи со Y-краци, во џет црна и смрзнато златна боја. Германскиот триколор тука го комплетираат клештите во црвена боја. Перфекција, по тоа се познати луѓево.
[FAG id=33234]