147
19 shares, 147 points

Brabus не го остава актуелниот Mercedes E-Class без својот третман и нуди тјунинг на мотор, спојлери, спортско подвозје, задолжителни моноблок бандажи од 21 инч и секако можност за доработка на ентериерот според желбите на купувачот. Единственото што не доаѓа во предвид е прашување за цената.

Четири децении тјунерската работилница Brabus дава дополнителен печат на моделите на Mercedes. На оваа долга традиција сега се надоврзува и E-Class, за којашто дизајнерите во Ботроп подготвија два различни стилови на спојлери, посебно за Exclusive и Avantgarde, посебно за AMG Line.

Предниот спојлер му дава уште повпечатлив настап на E-Class, но има и функција да го зголеми потисокот врз предната оска и на тој начин да ја подобри стабилноста при висока брзина. Во спојлерот може да се додадат и посебни маски за страничните отвори за воздух. Задниот браник со изглед на дифузор ги нагласува чифтот двојни издувни цевки, на што следува и ненападен заден спојлер.

Brabus Mercedes E-Class 00001

Верзиите што се испорачани со пакет AMG Line добиваат спортски преден спојлер од Brabus како додаток, со завршетоци што се изведени како крилца. Тука исто така може да се додадат специјални маски за страничните отвори за воздух. Наспроти претходната верзија, дифузорот во задниот браник кај AMG Line има и функција на дифузор.

Топ-изведбата на бандажите од Brabus чини над 2.000 евра, по парче, без гуми

Понудата од бандажи во препознатлив стил на Brabus опфаќа димензии од 18 до 21 инч. Врвот се ковани бандажи Brabus Monoblock, со димензија 9Јх21 напред и 10,5Јх21 назад, со гуми 255/30 ZR 21 напред и 295/25 ZR 21 на задната оска. Специјални спортски пружини го спуштаат подвозјето за 30 милиметри, додека за верзиите на E-Class со пневматска амортизација се испорачува преработен контролен модул.

Brabus Mercedes E-Class 00002

Со вака подготвениот настап следува и интервенција во моторот. Бензинецот со 184 КС во E 200 по инсталацијата на плаг-енд-плеј модулот постигнува 225 КС и вртежен момент од 330 њутнметри. Зголемувањето на моќноста кај дизелот E 220 d изнесува 27 КС и 50 Nm, додека топ-дизелот E 350 d добива плус 51 КС и 100 њутнметри. Спринтот во тој случај се скусува на 5,7 секунди.

Посебно копче за припитомување на звукот од издувот во E 43

Спортските издувни системи од нерѓосувачки челик се достапни за сите моделски изведби на E-Class, со специјална клапна во случај на E 43, којашто со притискање на копче овозможува избор меѓу спортски и придушен звук.

Во ентериерот може да се додадат челични плочки на праговите, со осветлување во 64 бои, соодветно на амбиенталното осветлување во кабината, алуминиумски детали во кокпитот и секако ексклузивна кожа од Brabus.

За цените:

  • Бандажи Brabus Monoblock F Platium Edition 9J x 21 за предна оска 2.129 евра, по парче, посебно гуми
  • Бандажи Brabus Monoblock F Platium Edition 10,5J x 21 за задна оска 2.231 евра, по парче, посебно гуми
  • Спортски пружини Brabus (-30 mm) 355 евра
  • Алуминиумски педали 191 евра
  • Алуминиумски пинови за врати 117 евра
  • Плочки на прагови, со осветлено лого Brabus 1.069 евра
  • Патосници, велур 201 евра
  • Облога на багажник 130 евра
  • Тјунинг на мотор за E 200 (225 КС, 330 Nm) 1.535 евра
  • Тјунинг на мотор за E 220 d (222 КС, 405 Nm) 2.130 евра
  • Тјунинг на мотор за E 350 d (309 КС, 720 Nm) 2.130  евра

Brabus Mercedes E-Class

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
19 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743