за

Вака се тјунира пикап за пробивање по теренот: Nissan Navara Off-Roader AT32

Nissan Navara AT32

Nissan подготви специјална серија од пикапот Navara под името Off-Roader AT32. Кратенката AT доаѓа од исландскиот специјалист за теренски возила Arctic Trucks, којшто го зголеми растојанието од подлогата на 24,3 сантиметри. Со тоа значително се подобрија и аголот на пристап од 35 степени, односно аголот на излез од 25 степени. За тракцијата се грижат тркала од 32 инчи, на којашто се однесува бројката во дополнителната ознака.

Секој примерок од специјалната серија располага со резервно тркало во полна големина, како и со масивна заштита на моторот, менувачот и резервоарот за гориво. Стандарднатата заштита на праговите е заменета со робусни штитници. Преработката е заокружена со амблеми AT32 на задниот капак и на предните крила.

Како основна изведба служи верзијата на Navara со двојна кабина и со ниво на опрема Tekna. Специјалниот модел се нуди во веќе готова изведба и како кит за преработка. Вторава опција чини околу 6.500 евра на поголемите пазари во Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3

Tesla најавува фабрика во Кина

Peugeot 508 SW

PEUGEOT 508 SW ги става СУВ-фановите на мисла