за

Вака изгледа круг на Нирбургринг со BMW M4 DTM

По 23 години, на легендарниот Северен Јазол на Нирбургринг повторно возеше автомобил од DTM, од германското првенство со туристички возила. BMW Motorsport и Shell организираа натпревар, во кој тројца финалисти требаше да се натпреваруваат кој ќе остане најсмирен додека по патеката ги вози ѕвездата во оваа тркачка серија, Бразилецот Аугусто Фарфус.

Мери, Макси и Кевин се тројцата среќници што меѓу илјадници кандидати беа избрани да учествуваат во финалето на таканаречениот Helix Heartbeat Challenge или „натпревар во срцеви отчукувања“. Финалистите имаа задача да останат колку е можно посмирени на совозачкото седиште, додека по 22-километарскиот курс, не случајно познат и како „Зелениот пекол“, ги возеше ѕвездата во германскиот шампионат со туристички возила Аугусто Фарфус.

Колку им беше „лесно“ на натпреварувачите во BMW M4 DTM и кој од нив победи со најнизок просек на отчукувања на срцето, погледнете на следните две видеа. Меѓу другото, Фарфус ја извозе патеката за шест минути и четиринаесет секунди – со мала безбедносна резерва. За споредба, сериски Porsche 918 Spyder со близу 887 КС ја вози патеката за 6:57 минути, прв под седум минути.

Победникот, инаку, доби возачки курс од BMW. Неговото време сепак ќе остане далеку под кругот на Фарфус.

Шест минути и четиринаесет секунди на Северен Јазол со BMW M4 DTM

Прогласување на победниците на „натпреварот во срцеви отчукувања“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овие 13 автомобили имаат најморничави имиња

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 185/65 R15 T