171
24 shares, 171 points

Пред повеќе од седум децении, по завршувањето на втората светска војна, Британците имаа план да го припојат Volkswagen во својата авто-индустрија. Но, тајните служби на Кралицата направија кобна грешка. Тие проценија дека „бубата“ е лош автомобил.

Во најстрога тајност, службите на англиската кралица по завршувањето на војната правеа процена дали можат да ја искористат „бубата“ на Volkswagen за заживување на сопствената автоиндустрија. Заклучокот гласеше: „Ова возило не може да се земе како пример за врвна и современа конструкција, којашто британската индустрија треба да ја копира.“

На британските агенти не им се допаѓаше изгледот на Volkswagen

Така завршуваше соопштението што специјалната тајна служба на англиската кралица, наречена „British Intelligence Objectives Sub-Committee“, го испрати до владината комисија. На агентите не им се допаѓаше ниту изгледот на возилото.

Претходник на „бубата“: Porsche Typ 32 произведен во NSU во 1934 година

Оттогаш изминаа повеќе од седум децении. Во јавноста и натаму е малку познат фактот дека Велика Британија по втората светска војна сериозно се подготвуваше за пропојување на фабриката на Volkswagen.

За извештајот на тајната служба првпат се слушна дури по половина век. Експертите имале на располагање два автомобила. Едниот бил стандарден примерок на бубата произведен во 1946 година, а вториот бил воен транспортер со техниката од бубата, когошто англиските трупи го заплениле на фронтовите во Африка.

Експерти од Ford, AC Cars, Humber, Singer Motors и Solex ги оценувале квалитетите на бубата

Возилата биле расклопени до последната завртка и анализирани неколку месеци. Бидејќи кралските агенти не можеле самостојно да донесат стручна оцена за конструкцијата на непријателскиот автомобил, било ангажирано домашното здружение на автопроизводители. Во експертизата учествувале AC Cars, британската подружница на Ford, Humber, Singer Motors и Solex.

Илјадитиот примерок од „бубата“ произведен под британска власт во март 1946 година

Оценувањето се водело според два критериума. Дали британските производители на автомобили можат да стекнат вредни искуства од Германците и дали е изводливо машините од Волфсбург да се пренесат на островот?

Како воени управители со северозападна Германија, кадешто припаѓа и регионот на Волфсбург, Британците имале право да ја запленат целата фабрика на Volkswagen, заедно со сите патенти и производствени процеси.

Се разгледувале две различни сценарија. Едното сценарио било фабриката на Volkswagen да се уништи и на тој начин домашната индустрија да се заштити од идна конкуренција од странство. Второто сценарио било бубата да се вклучи во моделската понуда на некоја од британските марки.

Место демонтажа, во фабриката на Volkswagen се произведуваат воени возила за кралската војска

Имало причина зошто Британците не се решиле за првата опција. Нивниот контингент од борбени возила бил десеткуван во војната и морало итно да се обнови. Така, управата на Volkswagen уште во 1945 година добила налог за производство на 20.000 возила. Производството во Волфсбург се одвивало во погоните што биле силно оштетени од бомбардирањата.

Volkswagen во меѓувреме се преименува во Wolfsburg Motor Works. Надлежните британски институции ја отфрлаат можноста за демонтажа на фабриката, меѓу другото и поради многубројниот работен персонал во Волсфбург. Друга опција за вработување, освен во фабриката за автомобили, во регионот не постои.

Британскиот мајор Иван Хирст, човекот кој спречи демонтажа на фабриката за наоружување и ја преориентираше во фабрика за автомобили

Место тоа, Британците решаваат да ја зголемат продукцијата и да ги извезуваат возилата. Тоа носи средства за министерството за економија и се покриваат трошоците за воената управа. Покрај тоа, доаѓат девизи од извозот. Во септември 1946 година, наредбата за демонтажа од воената управа се одложува за следните четири години. Ништо повеќе не го сопира успехот на бубата.

Од денешен аспект, заклучокот на тајната служба дека бубата не може да се искористи ниту за цивилни, ниту за воени цели, претставува катастрофално погрешна процена. Бубата постигна фантастичен светски успех, прерасна во легенда.

Критиките од британските производители за сложеното греење, слабиот мотор, неподносливата бучава и грдиот дизајн се покажаа тотално неосновани. Некои историчари од браншата дури го проценуваат „слепилото“ на Британците за квалитетот на автомобилот како егоизам, самобендисаност.

Бубата се произведуваше во германските фабрики во 1978 година, а моделот најдолго се задржа во производство во фабриката Мексико, до 2003 година. Вкупната продукција: Над 21 милион примероци.

Најуспешна автомобилска фабрика што е основана од Британците“
Карл Хан, поранешен директор на Volkswagen

Шефот Карл Хан подоцна ќе коментира иронично дека Volkswagen e „најуспешната автомобилска фирма што е основана од Британците“. Бубата ги покажа најсуштинските квалитети што се бараат од едно возило и ги освои симпатиите на светот како културно добро, не само како автомобил. Издржливост, едноставно одржување, робусност и економичност – малку автомобили оттогаш успеале да ја постигнат оваа комбинација.

За иронијата да биде уште поголема, кралските вредности на четири тркала од островот, како Rolls-Royce, Mini или Bentley, денес се во сопственост на германските марки. Bentley, конкретно, денес е дел од Volkswagen.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
24 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743