за

Британски хумор или: Камен како украсен елемент во Bentley

Кога станува збор за Bentley, нема шега. Луѓето што можат да си ја дозволат марката се тешки со „камен“, но каменот очигледно може да заврши и декоративна фунција во ентериерот.

Bentley повторно ги поместува границите со примена на нови и ретки материјали во своите возила. Одделението за изработка на возила по специјална нарачка Mulliner отсега може да вградува и декоративен камен во кокпитот на Bentley, на местото каде што обично стои алуминиум, карбон или скапоцено дрво. Каменот е формиран пред 200 милиони години и потекнува од специјални рудници за кварцит во Раџастан и Андра Прадеш, Индија. Оваа земја, инаку, поседува долга и богата традиција на рачна работа со камен.

bentley kameni ploci 2

 

Камените плочи за вградување во Bentley се сечат од поголеми парчиња со стаклени влакна и специјална смола. Потоа следи рачна доработка во Mulliner. Камениот слој е дебел само 0,1 милиметар, односно е траспарентен и дозволува да се види елегантната зрнеста структура и шарата.

Од Bentley најавуваат дека ова не е последната примена на ексклузивниот камен во нивните возила, туку е само почеток. Камените плочи се достапни за вградување во Continental и Flying Spur во четири бои: Галакси, есенско бела, црвеница и бакар. Цената не се објавува, но веројатно изнесува исто колку за малечок автомобил.

bentley kameni ploci

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

General Motors инвестира 500 милиони долари во такси без таксист

Volkswagen започна со производство на новиот Tiguan