Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Пазар

Британија инвестира милијарда фунти во штедливи мотори

Дваесет и седум водечки претпријатија од автомобилската бранша и британската влада во следните 10 години ќе инвестираат една милијарда фунти, односно околу 1,15 милијарда евра во заеднички центар за развој и комерцијализација на еколошки погонски технологии.

Британската влада трајно ќе обезбеди 30.000 работни места со основањето на Центарот за напреден погон, скратено APC, со цел да ја ограничи зависноста од финансиската бранша. „Производителите на автомобили во Велика Британија во последно време стануваа сé поуспешни, со инвестиции вредни повеќе милијарди фунти и со нови работни места“, изјави министерот за претприемништво, иновација и квалификации Винс Кејбл.

Следните генерации на возила со радикално променет погонски концепт ќе придонесат за натамошно поттикнување на овој позитивен тренд во Велика Британија, изјави министерот. Меѓу претпријатијата се вбројуваат BMW, Bosch, Ford, Nissan, Jaguar Land Rover, како и GKN и Caterpillar. Особено се ангажираат Tata и GKN, актуелни сопственици на Jaguar Land Rover, кои инвестираа по 500 милиони фунти во проектот. Во минатата година во Велика Британија се произведоа 1,58 милион возила, со што земјата се вбројува меѓу најголемите национални авто индустрии во Западна Европа.

loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730