140
27 shares, 140 points

Патнички автомобили, доставни возила и автобуси со дизел мотор и норма Еуро 1 или без Еуро-норма, од следната година немаат пристап во центарот на Брисел. Постои можност да се купи еднодневен билет за 35 евра, но и тоа е ограничено на осум пати во годината.

Од 1-ви јануари 2018, патничките автомобили со дизел мотор постари од 1992 година, како и доставните возила и минибусите со дизел мотор постари од 1994 година, повеќе немаат пристап во еколошки заштитената зона во центарот на белгиската и европската престолнина. Тоа се возилата чијшто квалитет на издувни гасови ја задоволува нормата Еуро 1 или возила пред воведувањето на Еуро-нормите.

Ограничувањата не важат за возилата со бензински мотор, но само до 1-ви јануари 2019 година, кога и за нив ќе биде ставена рампа во еколошки заштитениот центар на Брисел. Тогаш ќе се исклучат и дизелите со норма Еуро 2, во 2020 година со Еуро 3, за од 2025 година, во центарот да смеат да пристапуваат само дизели со норма Еуро 6. За бензинците, рестрикцијата се однесува само на возила со норма Еуро 1, до 2025 година.

Дневен билет за возила со норма Еуро 1 или без норма чини 35 евра, но ќе биде достапен дури во текот на летото

Во зоните со ниска емисија смеат да пристапуваат мотоцикли, камиони од категориите Н2 и Н3, електрични возила и возила со погон на водород, камп-возила, возила на службите за брза интервенција, воени возила, олдтајмери што се регистрирани во контиунитет над 30 години, возила за лица со инвалидност, сервисни возила и специјални возила за панаѓури и мобилен бизнис.

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Во одредени случаи, возилата со норма Еуро 1 или Еуро 0 смеат да пристапат во центарот, но само доколку се плати 35 евра за еднодневен билет. Овој исклучок смее да се повтори најмногу осумпати во годината, односно осум денови. Билетите ќе бидат достапни дури во текот на летото. Рестрикциите важат и за возилата со странски регистерски ознаки.

Камери ги снимаат регистерските таблички, службите во Брисел знаат кога автомобил со слаб квалитет на издувните гасови ќе влезе во еколошки заштитената зона

Зоната со ниска емисија ја покрива целата територија на Брисел, односно сите 19 општини на белгиската престолнина. Казната за непочитување на ограничувањата заради заштита на животната средина изнесува 350 евра. Контролата на пристапот се врши со камери кои ги скенираат регистерските ознаки на возилата.

Како алтернативи се нудат велосипеди за изнајмување, јавен и такси превоз, како и заедничко користење на возилата.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
27 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743