153
20 shares, 153 points

Само уште две марки вградуваат боксер мотори во своите модели. Но, додека постои Porsche и додека Subaru произведува автомобили, овие мотори нема да исчезнат.

Под хаубите на денешните автомобили владее монотонија. Во екот на смалувањето на моторите, т.н. даунсајзинг, линиските четирицилиндарци прераснаа во стандард дури и во луксузните лимузини. Ванкел моторот исчезна комплетно, и од аспект на строгите норми за издувни гасови е прашање дали ќе се појави и во евентуалниот наследник на Mazda RX, па дури и моторите со пет или шест цилиндри, исто како и моторите без турбонатполнење, во обична атмосферска изведба, веќе се вбројуваат меѓу загрозените видови. Добро е што останаа барем две марки да внесат нешто поразлично во монотонијата. Porscheи Subaru не сакаат, но и не можат да се збогуваат со боксер моторите.

„Боксерите“ порано беа вообичаени во автомобилите. Во времето на „бубата“ на Volkswagen и на Citroen 2 CV никој не можеше да замисли дека еден ден овие мотори ќе исчезнат од автомобилите. Тогаш уште се ценеа техничките предности на концептот. Поради тоа што клиповите во боксер моторот, за разлика од конвенционалните линиски и V-мотори, не се поставени вертикално или накосо, туку се „легнати“ во хоризонтала, агрегатот бара помалку простор и може без потешкотии да се вградува и во помалите каросерии. Дополнителна и не толку безначајна предност е ниската положба на моторот, што го спушта тежиштето на возилото. Покрај тоа, боксер моторите работат многу посмирено од другите клипни мотори, поради тоа што клиповите се оддалечуваат и приближуваат совршено рамномерно едни од други и нема појава на инерцијални сили од втор ред како кај другите мотори.

Тоа се воедно и главните причини зошто боксерот денес се користи во повеќето модели на Subaru и во спортските купеа на Porsche. За германската марка е особено важна поволната распределба на тежината поради ниското вградување, како и компензирањето на страничните инерцијални сили. Многу поважна улога сепак има традицијата, затоа што култот на Porsche 911 се темели токму врз боксер моторот. Традиционалистите масовно се побунија кога Porscheго воведе воденото ладење во 1997 година. Многумина сметаа дека нема потреба од напуштање на воздушното ладење, зашто тоа е уште една предност на боксерот. Цилиндрите се доволно оддалечени од обете страни на коленастото вратило и одведувањето на топлината е полесно. Porsche сепак му остана верен на боксер моторот во моделот 911 – за друг мотор не би имало доволно простор во опашот.

Предностите на боксер моторот во поглед на спортските возни својства се пресудни кај Subaru BRZ – и кај неговиот близнак Toyota GT-86. Со ниското тежиште, ниската хауба и рамномерната распределба на тежината, BRZ и GT-86 се последните „возачки“ автомобили од азиско потекло. Но, боксер моторот е стандард и во обичните модели на Subaru. Тој е темел на погонскиот концепт, односно на симетричниот погон на сите тркала. Сите компоненти во погонот, од моторот, преку менувачот, до задниот диференцијал, наредени се во една линија, што значи дека странично се комплетно симетрични. Јапонците се горди на неутралните возни својства што произлегуваат од рамномерната распределба на тежината и од отсуството на штетни влијанија врз погонот.

Боксерот е продажен „мотор“ во маркетиншкиот настап на обете марки. Според повеќе анкети, сопствениците на Porsche 911 и на моделите на Subaru се едни од ретките што добро ја познаваат техниката во нивните автомобили. Затоа и во рекламите на двете марки нагласено се наведува примената на боксер моторот.

Браншата веќе одамна го напушти боксер моторот, и тоа првенствено поради економски причини. Развојот на боксерот е скап, исто како и производството, меѓу другото поради фактот што за секоја страна на моторот мора да се користи посебен погон на вентилите, ладење и напојување со гориво. Друго ограничување е неможноста за попречно вградување – боксерот може да се постави само надолжно. Покрај тоа, незамисливо е во една моделска серија да се вградуваат линиски мотори, мотори во V и боксер мотори.

Ерата на овие мотори е завршена. Но, сé додека постои Porsche 911 и додека Subaru произведува автомобили, ќе постои и боксер моторот. Традиционалистите и љубителите на техниката ќе бидат среќни.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743