129
18 shares, 129 points

Годинава се одбележуваат осум децении од откривањето на биодизелот. Во летото 1937 година, францускиот хемичар Жорж Шаван во Белгија регистрира патент за естерификација на масла од растително потекло.

Само една година откако Шаван го регистрира пронајдокот, биодизелот наоѓа примена во редовна автобуска линија од Брисел до триесетина километри оддалечениот Лувен. Автобусите кои како погонско гориво користат биодизел, минуваат повеќе од 20.000 километри во тестирање. Така е испишано првото поглавје во историјата на пронајдокот на Шаван, којшто ќе се користи во поголем обем дури неколку децении подоцна.

Жорж Шаван посветил голем дел од својата научна работа во истражување на јаглеводороди и масла за ложење. Пронаоѓањето на естерификацијата на масла од растително потекло произлегува директно од ова поле на истражување на Французинот. Биодизелот произлегува и од стремежот да се обезбеди сигурност во енергетското снабдување. Денес, откритието на Шаван е особено значајно поради неопходноста од заштита на животната средина.

Биодизелот е едно од решенијата за намалување на емисијата на СО2

Според статистиката на ЕУ, биодизелот во моментов е најзастапена алтернатива од обновливо потекло во патниот сообраќај на стариот континент. Во ЕУ секоја година се произведуваат над 10 милиони тони од метил естерот на масни киселини, кусо FAME. Најголеми производители меѓу земјите членки на ЕУ се Германија и Франција, пред Шпанија и Полска. Пожолтените полиња со маслена репа во средиштето на Европа се сведоштва за големиот успех на ова масло од растително потекло. Најголемиот дел од неговата продукција се користи токму како биодизел. Со близу 80 проценти, бидизелот постигнува најголем удел од сите биогорива што се продаваат во ЕУ.

Постои опасност биодизелот да исчезне од пазарот на горива, доколку Унијата не ги реализира целите за обновлива енергија во транспортниот сектор. Транспортот моментно заостанува во поглед на намалувањето на емисијата на СО2. Целта е до 2020 година да се постигне удел на горива од обновливи извори од 10 проценти. Моментно овој удел достигнува само шест проценти, во коишто во најголемиот дел учествува биодизелот.

Македонија исто така има постигнато голем напредок во примената, па дури и производството на биодизел, што во најголем дел има произлезено од иницијативата на Макпетрол.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

129
18 shares, 129 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730