Исланд е посакувано одредиште за кампери и авантуристи. Проблем е скапиот траект, што обесхрабрува многумина да се упатат со сопствено камп-возило. Некој дојде на идеја да изнајмува камп-приколки. Куса приказна за една одлично реализираната бизнис идеја.
Пред три години, Колбеин Бјорнсон и Олафур Сверисон основаат заедничка компанија во Исланд. Планот е на туристите да им се понуди можност за кампување во единствената природа на вулканскиот остров. Резултатот е Mink Camper, комплетно опремена мини приколка со профил во форма на солза. Може да се изнајми само приколка, или приколка и возило со погон на сите тркала.
Mink располага со простор за две возрасни лица и дете. Лежајот е со димензии 140 х 200 сантиметри, а попречно над него се наоѓа детски кревет, со димензии 52 х 140 сантиметри. Врата со прозорец се наоѓа од секоја страна, а дополнително има и голем панорамски покрив.
Приколката се добива со постелнина и перници, греење во место, штедливо диодно осветлување и озвучување Bose. Под задниот капак се наоѓа кујна со шпорет на гас, ладилник, резервоар за питка вода, прибор за јадење и чинии.
Изнајмување приколка за пет денови на Исланд чини 595 евра; комбинација со Fiat 500X ја качува цената на 1.145 евра, а за авантуристи кои сакаат да уживаат и во луксуз стои на располагање Land Rover Discovery, при што цената достигнува 1.745 евра
Приколката е долга 4,12 метри и широка 2,10 метри, со кабина долга 2,81 метри и широка 1,51 метар. Најмалото растојание од подлогата изнесува 30 сантиметри, што е пристојна вредност при влечење по терен.
Освен во Исланд, Mink Camper се изнајмува и во Германија, Романија, Норвешка, Шведска и Шкотска. За неколку недели треба да започне и продажбата за приватни клиенти.
https://www.instagram.com/p/Bow3hSKA4PV/
Најскапа земја за кампување годинава е Италија
Mercedes GLS со приколка за кампување во багажникот
Приколка за кампување што се претвора во јахта
Данска фирма 50 години произведува шаторски приколки