201
26 shares, 201 points

Од следниот месец, вработените во Daimler ќе можат да ја користат работничката книшка за бесплатен јавен превоз до фабриките на концернот во Штутгарт. Трошоците ги плаќа работодавецот.

Најголемиот работодавец во регионот на германскиот град Штутгарт дава голем придонес за намалување на сообраќајот, а со тоа и на загаденоста на воздухот. Работниците во Daimler, од 8-ми јануари ќе можат бесплатно да се превезуваат до работното место со трамвај, метро или автобус во деновите кога загаденоста на воздухот во градот ќе ја пречекори дозволената вредност. Концернот што го произведува Mercedes, само во регионот на градот вработува околу 80.000 лица.

Индустрискиот гигант презема и други мерки коишто се однесуваат на ниво на цел град. Во деновите со прекумерна загаденост, Daimler активно ја рекламира лотаријата за добивање бесплатен превоз. Во неа можат да учествуваат корисниците на апликацијата moovel – исто така развиена од концернот, кои имаат 50% можност за бесплатен билет со јавниот превоз. Покрај тоа, сопствената компанија за таканаречен car-sharing, суперуспешниот car2go, при високо аерозагадување ги нуди своите возила на краткотрајно користење по пониска тарифа. Не е помалку важно и тоа што возилата се smart fortwo electric drive – што значи со погон на струја.

Бесплатен јавен превоз е само една од мерките што Daimler ги презема за намалување на аерозагаденоста во Штутгарт

Daimler им советува на своите вработени да користат телефонска или видеоконференција, заради избегнување на непотребните патувања. Секако дека се потикнува и формирање заедници за превоз со едно возило. Покрај тоа, од лани летото, вработените можат со својот работодавец да договорат работа од дома. Дополнително, Daimler ги прекинува тест-возењата во градот во деновите со прекумерна аерозагаденост. Неколку сообраќајни линии на јавниот превоз во меѓувреме се продолжени во договор со компаниите за јавен превоз, за вработените да имаат помало растојание за пешачење до своето работно место во Daimler.

Тоа е само половина од постоечките мерки што Daimler ги презема за намалување на аерозагаденоста во градот. Што се однесува до проблемот со аерозагаденоста во Скопје, проблемот е „решен“. Градот ќе набави електрични автобуси, таканаречените еколози ќе добијат повеќе средства за својот придонес во зачувувањето на животната средина.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

201
26 shares, 201 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *