за

Берлин има 1.000 такси возила со хибриден погон

Ако во германската престолнина се повика такси, голема е веројатноста дека ќе пристигне Toyota со хибриден погон. Неодамна во Берлин е регистрирана 1.000-та Toyota со две срца.

Веќе одамна е докажано дека хибридниот погон е совршен за такси возилата. Комбинираниот погон од електромотор и бензински мотор троши малку гориво, одржувањето е евтино, бучноста е неспоредливо пониска во споредба со обичните возила, а емисијата на СО2 се намалува и до 50 проценти. Првата ToyotaPrius беше регистрирана за такси возило во Берлин уште во 2002 година. Тогаш се работеше за модел од првата генерација на најпопуларниот хибриден автомобил во светот. Но, во меѓувреме хибридните возила почнаа да се користат и во многу други светски метрополи. Особено се бараат верзиите на Toyota Prius со можност за надворешно полнење на батериите, т.н. плаг-ин хибрид. Со полнење на батериите на обичен приклучок на струја се овозможува до 25 километри возење чисто со погон на струја. На тој начин уште повеќе се намалуваат оперативните трошоци за такси компаниите, иако набавката на верзијата плаг-ин е поскапа во споредба со стандардниот хибриден Prius.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Магазинот „auto motor und sport“ за тестот на BMW i8

Polaris Slingshot: Трите тркала му се предност на овој … автомобил?