Други тестови

Батериите на Nissan Leaf по пет години „држат“ само 90 километри

По пет години и 80.000 километри на супертест во клубот АДАК, со едно полнење на батериите на Nissan Leaf можат да се извозат само 90 километри. Тоа е нормално стареење на батериите. Техниката во меѓувреме напредува, Nissan веќе ја подготвува третата генерација на моделот.

Nissan Leaf од првата генерација на моделот мина пет години и 80.000 километри на супертестот на клубот АДАК. Сосема очекувано, експертите на клубот оценуваат дека автомобилот е во добра техничка состојба. Забелешка има единствено за постојаното смалување на капацитетот на батеријата. Додека во почетокот со едно полнење на батериите можеле да се извозат до 113 километри, досегот по завршувањето на тестот се намалил на околу 90 километри.

Досегот на Nissan Leaf од првичните 105 километри се смалил на 93 километри

Искуството од возењето во реални услови се потврдило и при лабораториските мерења. На почетокот на супертестот, Nissan Leaf на пробни валци минувал 105 километри, а на крајот само 93 километри. Тоа значи дека капацитетот на батериите се смалил за околу 11 проценти.

Една педала му е доволна на новиот Nissan Leaf

Во текот на 80-те илјади километри, возилото било приклучувано на полнач над 1.450 пати. Клубот смета дека утврденото „абење“ на батериите е вообичаен процес, затоа што литиум-јонските батерии стареат при секое полнење и празнење. Покрај ова циклично стареење, постои и таканаречено календарско стареење, затоа што батериските ќелии го губат капацитетот и во времето кога батериите не се користат.

Совет на АДАК е возачот да си остави една третина од досегот за резерва

Според искуствата на АДАК, пред поаѓањето треба да се земе „резерва за досег“ од околу една третина. На тој начин возачот може да биде сигурен дека ќе има доволно енергија во батериите и при студено време.

Мадридското такси доби 110 електрични возила Nissan Leaf

Производителот нуди сигурност и со гаранцијата од пет години или 100.000 километри, којашто важи за батериите во погонската спрега. Правото на исполнување на гаранцијата може да се оствари кога на дисплејот што ја прикажува наполнетоста на батериите се осветлени помалку од девет од вкупно дванесетте сегменти.

За моделот од втората генерација со батерии од 30 киловатчасови, Nissan гарантира осум години или 160.000 километри. Во септември, светскиот шампион во електромобилноста ќе ја претстави и третата генерација од Leaf. Во меѓувреме АДАК продолжува со супертестот на електричниот Nissan до следната фаза, на 100.000 километри.

Сервисирања и поправки при супертестот на Nissan Leaf

Во споредба со автомобилите со мотор со внатрешно согорување, кај Nissan Leaf нема потреба од замена на моторно масло, ниту пак од контрола на нивото. Редовното одржување е предвидено на секои 30.000 километри или 12 месеци. На секои две години следува пообемно сервисирање. Течноста за ладење се заменува на 60 месеци или 60.000 километри. Годишните трошоци за одржување се движеле меѓу 140 и 200 евра во германската сервисна мрежа на Nissan.

Вонредни посети на сервисна работилница за време на супертестот

  • Замена на сензор за агол на свртување на тркалата, заради отстранување на проблемот со зачестеното вклучување на контролата на стабилноста.
  • Замена на скршена рачка за отворање на задниот капак при 78.000 km (118 евра).
  • Поправка на кородирана точка од внатрешната страна на хаубата
  • Замена на манжетна на погонска оска, оштетена при загризување од куна (чест случај кај возилата во Германија) при 40.017 km
  • Замена на дотраен 12-волтен акумулатор

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами