145
23 shares, 145 points

За викендов следува споредбен тест од специјалистите. Германскиот магазин Ауто Билд ги стави на заедничка проба актуелните компакти на Honda, Renault и Seat, вклучувајќи го и најновиот меѓу нив, Citroen C4 Cactus. Споредбен тест каков што доликува за „фабриката за автомобилски тестови“, кадешто ништо не смее да остане премолчено. Без премногу дообјаснување, следи комплетната објава на споредбениот тест на магазинот.

Овие четири автомобили се подготвуваат да го нападнат Голфсбург. Заедничко за сите нив е тоа што на прв поглед изгледаат многу подотерано од примерните бестселери. Франција, на пример, го нуди новиот C4 Cactus. Тој е посебен тип. Каросеријата е на праг од СУВ-моделите, а подвозјето разгалува со некогашниот француски комфор, благодарение на сложените амортизери. Моделот на Citroen, во верзијата 1.2 со 110 КС, го соочуваме со уште три впечатливи модели од оваа класа.

Секако дека и Renault се вмешува по традиција. Megane нуди 1,2-литарски четирицилиндарец со 132 КС, но најмногу сака да ги привлече купувачите со неговиот посебен концепт на ракување. Преку дисплејот на допир се управува речиси со сите функции.

Од Honda пристига Civic со 1.0 VTEC. Тој располага со 129 КС и го има гарантирано најекстравагантниот дизајн во оваа лига. Seat Leon настапува во улога на полудомашно златно момче. Тој ја користи техниката на Golf, но неговите 115 КС од 1,0-литарскиот трицилиндарец се спакувани во расна обвивка. Кој ќе биде најдобар на крајот?

Компактите кои се поразлични: Honda Civic, Citroën C4 Cactus, Renault Mégane и Seat Leon настапуваат во оваа споредба со штедливи бензинци и покажуваат дека има многу поголем избор отколку само Opel и Volkswagen

Тешките лимузини ништо не му можат. Специјалните амортизери му помагаат на Citroen C4 да постигне неверојатно мека амортизација. Тој се клати нежно, елегантно ги мазни нерамнините во асфалтот. Ниту S-Class не го може тоа подобро. Но, мекото основно дотерување оди на сметка на возните својства. Citroen вози непрецизно на лоши патишта и мора да се води со полна концентрација.

Возилото исто така реагира чувствително при нагло одземање гас во свијок и повеќе би сакало да му заврти грб на збиднувањето. Доволно е нагло да се сврти воланот на подлога со послаб контакт и тоа да предизвика безобразно лизгање на опашот – во 2018 година, тоа не смее да се случи.

Штета е тоа што и менувачот е лабав, седиштата немаат каква било поддршка, а назад е тесно. Затоа, пак, моторот со 110 КС и 205 њутнметри работи штедливо и вредно, а воедно и влече најдобро.

4-то место со 447 од 750 бодови: Citroën C4 Cactus PureTech 110
Оригинален, комфорен и евтин. Возните својства и безбедноста во возењето се бедни, назад има навистина премалку простор.

Renault Megane дефинитивно нема спортски карактер, иако го има најтемпераментниот и најзрел мотор во оваа конкуренција. Тука работи мек четирицилинарец со 132 КС. Но, Renault сопира просечно, управува непрецизно и менувачот е жилав. Затоа, пак, тој повеќе сака да покаже дека е посебно модерен компакт.

Постои вистинско изобилство од можности за нарачка на системи за асистенција и мултимедиска опрема. На располагање стои дури и сопствен App-Store. Тивкото возење е единствената предност во комфорот. Амортизацијата е крута, а на меко обложените седишта им недостига странично држење.

Привикнувањето на збунувачкиот систем за ракување (речиси сé е преку централниот диспеј на допир) трае подолго време. Добро е тоа што релативно високата цена се надоместува преку петгодишната гаранција.

3-то место со 480 од 750 бодови: Renault Mégane Energy TCe 130
Тој е класичарот во оваа класа, но во директна споредба е опуштен малку повеќе и потесно е скроен. Врвна гаранција.

НЛО? Спортско купе? Тркачки болид? Сеедно, Honda Civic е многу поразличен отколку што изгледа. Во Honda фактички се крие вистински практичар. Зад огромниот заден капак може комотно да се смести багаж со зафатина од близу 1.300 литри. Таа нуди и широки седишта со добро странично држење, седењето е ергономски пријатно, па дури и на задната клупа има доволно простор за возрасни патници.

Со тоа следува спој на пријатно комфорна амортизација и темпераментни возни својства. Кој би го помислил тоа при ваков спортски дизајн? Благодарение на директното управување, добриот контакт со подлогата и одличните сопирачки, големо уживање е кога Civic ќе се подбуцне. Притоа и моторот работи приватливо тивко, рачката на менувачот меко и со куси одови лизга низ степените на пренос.

За жал, Civic е скап. На високата продажна цена се надоврзуваат скап сервис и одржување, како и високи фиксни трошоци (н.з. Оваа критика се однесува за германскиот пазар).

2-ро место со 492 од 750 бодови: Honda Civic 1.0 VTEC Turbo
Иако дизајнот му е необичен, ова е практичен автомобил. Активно се вози и покрај тоа е комфорен. Но, скап е!

Seat Leon нема вистински пропусти. Тоа да се знае уште од старт. Но, му забележуваме за непотребно стегнатото подвозје. Заради подобра аеродинамика, Leon 1.0 Ecomotive има скусени пружини. Останатото е сосем в ред. Седиштата се добри и нудат пристојно странично држење. Нема забелешки ниту за пристапот и за седењето назад.

Менувачот лизга, спојката се притиска особено лесно, моторот со 115 КС и 200 њутнметри работи будно, без вибрации и тивко, управувањето е прецизно. Leon може да се вози релаксирано, но и да се ужива додека се ловат брзи свијоци.

Штедливите гуми го продолжуваат патот на сопирање, но затоа влијаат добро врз потрошувачката. Никој тука не троши помалку од 5,9 литри на сто километри. Тоа што нервира: Исто како и германската мајка Volkswagen, Seat нуди само две години гаранција за техниката.

1-во место со 501 од 750 бодови: Seat Leon 1.0 TSI Ecomotive
Сé е погодено: Одличен погон, штедлив и темпераментен. Тоа е неоспорна победа во оваа конкуренција.

Заклучокот од авторот Јан Хорн

„Ние сме другите! Но, не сме полоши од естаблишментот. Малечките мотори се доволни. Новиот, оригинален Citroën можеме да го пофалиме заради неговата мека амортизација – но, ништо повеќе од тоа. Неоспорен победник: Seat.“


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
23 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743