Екологија

Амстердам им дава предимство на велосипедистите и пешаците

Центарот на ноќната забава во градот од денес е без автомобили

На познатиот плоштад Лајден во холандската метропола, од денес не врват автомобили. Градските власти им даваат првенство на пешаците и велосипедистите низ улиците на Амстердам.

Леидсеплејн, меѓу туристите познат како плоштад Лајден, од денес е без автомобили. Такси постојката којашто се наоѓаше во центарот на ноќната забава во Амстердам е преместена подалеку, со што оваа прометна локација целосно се ослободи од сообраќај со автомобили. Целта на градските власти е да се обезбеди повеќе простор за слободно движење на пешаците и велосипедистите.

Целиот простор околу плоштадот Лајден е реновиран и доби нова функционалност. Амстердам дури го замени и асфалтот на дел од улиците со плочки од природен камен. Веќе се поставени 250.000 камени плочки со коишто средината добива поприроден карактер.

Само електрични такси-возила од следната година

Таксистите во градот што претставува масовно туристичко одредиште, наскоро ќе се соочат со нов проблем, по преместувањето од Лајден. Од осми јануари, новата локација на постојката ќе можат да ја користат само електрични автомобили.

В година започнува втората фаза од реновирањето на плоштадот. Меѓу другото се предвидува изградба на подземно паркиралиште со место за две илјади велосипеди.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729