149
20 shares, 149 points

Новите автомобили обично доаѓаат со фабрички вградени системи за спречување судир. Тие се стандард кај поскапите класи, а со доплата се достапни и кај помалите автомобили. АДАК ја тестираше делотворноста на овие системи.

Системите што самостојно го запираат возилото при опасност од судир претставуваат значаен придонес за зголемување на безбедноста во возењето. Според истражувањата на АДАК, секој четврти судир со човечки жртви во Германија се случува при налетување во возило напред. Околу 40 проценти од овие судири би можеле да се избегнат доколку сите возила поседуваат систем за самостојно запирање при судир.

Трите тестирани системи за спречување судир функционираат добро – освен при дожд или грешка во системот

АДАК обично не останува на теорија, па ниту во овој случај. Клубот ја тестираше функционалноста на три системи за спречување судир, чијашто функција е да го спречат судирот при пониски брзини на возење или барем да ги ублажат последиците. Експертите оценија дека сензорите функционираат добро во различни ситуации и ги препознаваат препреките. Простор за подобрување останува при дожд и во случај на грешка во системот.

[mks_pullquote align=”right” width=”500″ size=”18″ bg_color=”#aaaaaa” txt_color=”#ffffff”]„Според досегашните сознанија, системот за спречување судир претставува најдобра можна заштита од незгода, покрај електронската програма за стабилност“[/mks_pullquote]

Др. Рајнхард Колке, раководител за тестирање и техника во АДАК, заклучува: „Според досегашните сознанија, системот за спречување судир претставува најдобра можна заштита од незгода, покрај електронската програма за стабилност. Поради тоа, од производителите се бара беспрекорно да ги конструираат овие системи и да ги нудат во сите класи на возила.“

Прв се тестираше едноставен систем за спречување судир при градски брзини (до 30 km/h) којшто се вградува во Volkswagen up. Лидар-сензорот (Light Detection And Ranging) во ветробранот работи сигурно, дури и кога стаклото е извалкано. Паркираните автомобили не ја попречуваат работата, а калибрирањето по секое следно поаѓање со возилото работи беспрекорно. Но, доколку сензорот се покрие целосно, на пример од птичји измет или листови, системот не пријавува дека неговата работа е попречена. Покрај тоа, системот реагира задоцнето кога е влажен коловозот.

Кои марки имаат најдобри системи за заштита на пешаци: Тест на АДАК

Вториот систем користи радар и на тестот беше вграден во модел на Seat. Бидејќи сензорот се наоѓа во маската, нечистотијата не влијае врз неговата работа. Но, снегот или мразот можат да го покријат тука. Бидејќи сензорот врши самотестирање по секое следно поаѓање, целосната функционалност на системот следува дури откако ќе зе извози одредено растојание.

Subaru користи стерео-камера којашто многу подобро го покрива просторот пред возилото

Како трет вид на системи за спречување судир се тестираше стерео-камера вградена во Subaru. Овој систем го надгледува целиот простор и исто како кај Seat може да распознава пешаци на патот. Асистентот работи сигурно и при извалкано стакло, но за разлика од првиот систем, тука се јавува предупредување кога е попречено неговото работно подрачје. Сопирачките реагираат рано и возилото може да запре дури и на влажен пат.

адак тест системи спречување судир 2534

Клубот АДАК заклучува: Системите за спречување судир се последната помош при невнимание на возачот и на останатите учесници во сообраќајот и во повеќето случаи работат добро. Тие можат да го поштедат сопственикот на возилото од трошоци што настануваат при налетување во возило. Но, не може да се има целосна доверба во системот, затоа што не се прикажуваат сите пречки, односно сопирачките во одредени случаи се активираат предоцна кога е влажен патот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
20 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730