145
19 shares, 145 points

Погонот на водород или на супербатерии со досег до илјада километри не е единственото што го носи иднината на автомобилите. Во меѓувреме, со неверојатно брзо темпо напредуваат таканаречените системи за асистенција и функциите што произлегуваат од вмрежувањето на автомобилите. Концептно возило на Bosch дава поглед во иднината што претстои веќе за неколку години.

Автомобилот ќе стане трет животен простор, покрај домот и работното место. Визионерите на Bosch го гледаат автомобилот на иднината како е комплетно поврзан во мрежа буквално со сé околу себе, и секако, вози автоматски. Новото концептно возило на големиот добавувач на производителите на автомобили најдобро покажува како точно браншата замислува да го трансформира тоа што во моментов служи единствено за возење. Понекогаш и за уживање во возењето.

Автомобилот се подготвува да го угости возачот точно според неговите желби

Камера го препознава возачот ги мести воланот, ретровизорите и температурата во кабината според параметрите што тој ги има зададено претходно. Соодветно се менува и изгледот на дисплеите и автоматски се вчитува дневната агенда на возачот, се пушта омилената музика или новите подкаст-епизоди, а и навигацијата ја подготвува рутата до одредиштето што возачот го внел претходно од домот. Камерата снима и во текот на возењето, го следи движењето на очните капаци за да препознае кога возачот е уморен и да го предупреди. Безбедносните системи ги следат и командите на возачот, за исто така да интервенираат доколку претстои опасност од незгода поради замор или невнимание.

Bosch konceptno vozilo 00006

Ракувањето со сите функции се врши преку гестикулација, при што следува и повратна реакција или фидбек. Тоа се постигнува преку ултразвучни сензори, коишто произведуваат отпор кога возачот ќе ја приближи дланката во подрачјето што исто така е нагледувано од камера. На тој начин се олеснува ракувањето преку гестикулација, но и вниманието на возачот останува на патот пред него, затоа што тој не мора да посегнува по прекинувач за да повика одредена информација на дисплејот, да одговори на телефонски повик или да смени песна.

Дисплејот вибрира под прстите и создава чувство како при ракување со вистинско копче

Со одделни функции се ракува преку нов вид на дипслеј на допир, кој вибрира под прстите на возачот и на тој начин го потврдува вклучувањето на бараната функција. По мазната површина на дисплејот се распоредени полиња што реагираат и создаваат чувство како да се допира вистинско копче. На тој начин возачот може да ракува со кокпитот без потреба да го оттргнува погледот од патот.

Bosch konceptno vozilo 00003

Овие системи се веќе неколкупати среќавани во концептните возила на големите автомобилски марки и во почетна фаза веќе се вградуваат и во серија, меѓу другото и во освеженото моделско годиште на Volkswagen Golf. Но, тоа што прави автомобилот на иднината да стане трето животно подрачје е автоматизираното, односно автономното возење. Според Bosch, оваа технологија може на просечниот возач да му заштеди 100 часови годишно или поточно му овозможува да ги искористи за некои обврски, додека компјутерот управува со возилото.

Автономното возење може да заштеди 100 часови годишно – или да ги направи покорисни

Кога интелигенцијата на возилото ќе утврди дека постојат услови таа да ја преземе контролата над возилото и кога возачот ќе го одобри тоа, автомобилот на иднината се претвора во работна канцеларија, салон за одмор или место за видео-состаноци. Тоа заштедува време и возачот не се заморува додека чека во метеж. Возилото самостојно запира и поаѓа, го следи патот, добива информации од патната инфраструктура, исто како да е ангажиран шофер. Оваа техника исто така ги освојува автомобилите во сериско производство. Последното освежување на Mercedes S-Class има ставено главен акцент токму на овие системи за асистенција во возењето.

Bosch во своето концептно возило нуди и можност за поврзување со кујната во домот. Кујнскиот-асистент Мајки предлага мени и проверува дали се обезбедени неопходните состојки, притоа прикажувајќи му ја на возачот содржината на ладилникот. Вмрежувањето на автомобилот со домот почнува уште пред поаѓањето наутро. Откако возачот ќе се смести во возилото се проверува дали прозорците во домот се отворени и вратите заклучени. Доволен е еден потег со прстите за домот автоматски да се заклучи.

Вмрежувањето помага и при договарање термин за следниот сервисен преглед

Автомобилот на иднината е вмрежен и со сервисната работилница. Возачот навремено добива информација за претстојниот сервисен преглед и договара термин за потребните резервни делови да бидат обезбедени при посетата на работилницата.

Асистенцијата се покажува од корист и при барањето слободно место за паркинг. Во рамките на сопствената услуга на Bosch, возилата што се снабдени со потребната техника, односно сензори, јавуваат до заедницата кога одминуваат покрај слободно место. Овие информации се пренесуваат до „облакот“ и се внесуваат во дигитална карта на паркиралишта, којашто потоа е достапна за сите возила.

Филмскиот жанр на научна фантастика веќе станува по малку здодевен, зар не?

Концептно возило на Bosch: Автомобилот станува трет животен простор

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
19 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743