155
20 shares, 155 points

За подобра заштита на патниците, добавувачите на автомобилската индустрија моментно работат на развој на нова генерација воздушни перници, коишто се поставени однадвор на каросеријата. Но, тоа ѝ противречи на технологијата за автономно возење, чијашто цел е да ги спречува судирите во иднина.

Браншата на четири тркала се подготвува за следната ера во којашто автомобилите ќе управуваат самостојно, додека возачот се посветува на други работи, што во моментот му се поважни од возењето. Автономната технологија не се заморува, ништо не ѝ го одвлекува вниманието, секогаш е во истото расположение и не вози под дејство на алкохол. Таа е безгрешна и во неа се влеваат големи надежи дека ќе придонесе за значително намалување на бројот и тежината на сообраќајните незгоди. Но, сите не веруваат во тоа.

Добавувачот ZF развива воздушни перници коишто за разлика од вообичаеното вградување во кабината, поставени се однадвор на каросеријата на возилото. Автомобилите моментно се помалку заштитени при страничен судир, затоа што зоната на гмечење е значително помала отколку при челен судир, а страничните воздушни перници мора да се отворат за екстремно кусо време.

Отворањето на надворешните воздушни перници се случува пред судирот

Надворешната воздушна перница е вградена во праговите и во случај на судир се отвора пред вратите. Зафатнината од 250 литри е неколкупати поголема од обичната странична перница, поради што мора да се користат неколку генератори за надувување. Разликата со постоечката техника е во тоа што овие перници мора да се надуваат непосредно пред судирот. Сензори и напреден софтвер решаваат дали ќе се отворат надворешните воздушни перници, врз основа на процена на ситуацијата и на потенцијалната опасност од судир. Цели осум години техничарите на ZF ја усовршуваат работата на овие сензори, коишто треба да реагираат за една десетина од секундата.

Техниката би стартувала во сериското производство во почетокот на следната деценија. Според досегашните тестирања, надворешните воздушни перници ја намалуваат брзината на продирање на другото возило во кабината за една третина. Тоа значително ја намалува опасноста од повреди, исто како и тежината на евентуалните повреди. Во следниот период техниката ќе се приспособува конкретно за новите модели што ќе се појават на пазарот за неколку години.

volvo v40 vozdusna pernica nadvor

Идејата со поставување воздушни перници однадвор не е нова. Пред околу четири години, Volvo започна со вградување на вакви перници под хаубата на компактот V40, којашто се отвора пред ветробранот и има за цел да ги заштити пешаците или велосипедистите при удар во возилото.

Некои идеи со надворешни воздушни перници досега наидоа на неуспех

Логично е прашањето дали во иднина возилата ќе бидат целосно опкружени со воздушни перници. Веќе се извршени тестирања со мали воздушни перници во браниците, за заштита од мали оштетувања при паркирање. Идејата брзо беше напуштена, затоа што секое отворање на воздушните перници би чинело многу повеќе отколку поправка или замена на браникот.

Неколку аргументи се против вградувањето надворешни воздушни перници. За тие да се активираат, потребни се радари и камери – истите што технологијата за автономно возење ги користи за да спречи судир, со самостојно запирање на возилото или со избегнување на пречката. Покрај тоа, со дополнителните воздушни перници ќе се зголеми и тежината на возилото.

Сосема е извесно дека и постоечките воздушни перници во кабината ќе мора да се приспособат за идните возила што управуваат самостојно, затоа што патниците во нив ќе имаат можност да „залегнат“ или да бидат свртени во спротивната насока, па соодветно на тоа и воздушните перници мора да се отвораат различно од сега. Техничарите во секој случај имаат уште многу работа со идните генерации воздушни перници.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

155
20 shares, 155 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743