172
22 shares, 172 points

Истражување спроведено во Германија потврди дека возилата испраќаат изобилство информации до производителите, од техничката состојба до начинот на користење на возилото.

Во четири возила од марките BMW, Renault и Mercedes, германскиот клуб АДАК испитуваше какви сé информации се испраќаат од возилата до производителите. Клубот дојде до сознание дека производителите дознаваат се за возилата, но и за сопствениците, почнувајќи од техничката состојба на возилото, до начинот на којшто се користи возилото.

Веќе долго време е познато и во јавноста дека современите автомобили се претворени во компјутери на тркала. Околу една третина од вредноста на компонентите што се вградуваат во денешните автомобили, отпаѓа само на електронски уреди. Од воведувањето на систем за самодијагностика OBD-2 во почетокот на векот, познато е и тоа дека современите автомобили запишуваат изобилство од информации.

Самодијагностиката требаше да служи само за контрола на издувните гасови

Првичната цел со воведувањето на самодијагностиката беше да се обезбеди исполнување на пропишаните вредности на издувните гасови во целиот експлоатациски век на автомобилот. Но, освен овие вредности кои се пропишани со закон, производителите на автомобили црпат и други податоци. Сопствениците притоа немаат никакво сознание кои сé податоци се запишуваат, се читаат при посета на сервисната работилница или се пренесуваат директно од возилото до производителот.

keyless entry adac
Автомобилите веќе одамна се претворени во подвижни компјутери

Клубот АДАК тестираше четири модели: BMW i3, BMW 320d, Mercedes B-Class и Renault Zoe. Моделот на Mercedes беше опремен со опционалниот пакет me-connect. Експертите најмени од клубот утврдија дека до производителот на секои две минути се испраќаат податоци за моменталната позиција на возилото преку сателитската навигација, за километражата, за потрошувачката на гориво и притисокот во гумите. Се запишува и секое активирање на предзатегнувачите на безбедносните ремени, што за производителот е знак за нагло сопирање.

Во Renault се загрижени и за финансискиот интерес. Францускиот производител може преку мобилната мрежа да добие какви било информации за електричниот автомобил Zoe и во случај на незгода може да преземе и далечинска дијагностика на возилото. Проблемот е во тоа што доколку корисникот на лизинг заостане со исплаќањето на ратите за возилото, полнењето на батериите на електричниот автомобил се оневозможува и возилото мора да мирува.

BMW брои колку пати е пуштано CD или DVD во возилото

Наспроти тоа, податоците што се добиваат од BMW i3 и BMW 320d се речиси безопасни. Кај „тројката“ може да се прочита колку пати е пуштено CD или DVD, додека кај електричниот i3 се запишуваат последните 100 локации за паркирање на возилото.

АДАК смета дека корисниците мора да имаат точни сознанија за размената на податоци и да располагаат со можност да ја одбијат истата. Возачот мора да има избор, дали и кои податоци ќе му се доставуваат на производителот, односно на сервисните работилници и на службите за помош на пат. Истото мора да важи и за сите останати случаи, кога трета странка интервенира на возилото.

Покрај тоа, потребно е да се гарантира и безбедност на податоците. Клубот предлага производителите да обезбедат сертификат за ИТ-безбедноста на нивните системи. Лани имаше случај со безбедосните пропусти кај BMW Connected Drive, а не е заборавен ниту случајот кога хакерски експерти успеаја да преземат далечинска контрола над Jeep Cherokee и присилно да го запрат возилото.

Неколку примери за податоците што доспеваат до производителите, според истражувањето на клубот АДАК:

adak prenesuvanje podatoci

Контролна електроника на моторот и акумулатор:

Времетраењето на возењето по автопат, на спореден пат и во град се меморира одвоено. Се регистрира и полнењето и празнењето на акумулаторот, во одредено време и при одредена километража.

Меморија за грешки:

За сервисната работилница е корисно да се запишуваат грешките или необичните ситуации во возењето, при одредена километража или брзина. Но, на овој начин може да се регистрира и неправилното постапување со возилото.

Контролна единица за воздушните перници:

Се запишуваат забрзувањето, брзината, положбата на педалот за гас и за сопирање, за овие податоци да може да се искористат во случај на незгода, заради реконструкција на истата.

Мултимедиска единица:

Кога мобилниот телефон ќе се поврзе со возилото, во меморијата може да се пренесат имињата, адресите, телефонските броеви и адресите за е-пошта. Се регистрира и секое ставање CD или приклучување на USB.

Отворање и затворање на прозорците:

Некои возила постојано испраќаат пораки за статусот, на пример, дали некоја врата или прозорец е отворен или затворен.

Навигациски цели и паркирање:

Со секое заклучување на возилото, до производителот пристигаат информации за локацијата на возилото и за целите што се внесени во навигацискиот уред.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

172
22 shares, 172 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743