Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
ВестиТехника

Автоиндустријата ќе троши петпати повеќе алуминиум до 2020

Експертите предвидуваат дека побарувачката на алуминиум во производството на автомобили ќе се зголеми најмалку петпати до крајот на декадата.

Според водечкиот светски производител за валан алуминиумски лим, америакнската фирма Novelis, светската побарувачка за алуминиум во производството на автомобили ќе се зголеми нјамалку петпати до 2020 година. Меѓу најголемите клиенти на фирмата се вбројуваат Ford, Audi и Jaguar Land Rover, коишто заедно со јапонските автопроизводители ќе ја зголемат побарувачката од сегашните 350.000 тони годишно на 1,8 милион тони до 2020 година.

Audi го користи алиуминимумот на Американците за сериите А8, А3 и A3 Sportback E-Tron, а најдоцна до 2025 година тој ќе се користи и за сите моделски серии над А4. Jaguar ја смали тежината на актуелните Range Rover и Range RoverSport за повеќе од 450 килограми со преоѓањето на каросерија од лесниот метал, а каросеријата на Jaguar F-Type исто така е изработена од алуминиум. Чекорот ќе го следат и американските марки, на пример Ford ќе ја изработува целата каросерија за популарниот пикап F-150 од алуминиум, а набрзо ќе следат и други модели.

За да биде совршен материјал, алиминиумот има само една пречка, но само навидум. За производство на алиминиум е потребно четири и пол пати повеќе енергија отколку за челик. Но, предноста е во неговата речиси неограничена можност за рециклирање. Novelis секоја година претопува 40 милијарди празни лименки од сок како суровина – со оваа количина на лименки, наредени исправени еднододруго, може да се направат 100 кругови околу земјината топка. Алуминиумот се користи во автомобилското производство во последните 20 години, со растечки тренд и тоа со причина: 200 килограми алуминиум заменуваат 500 килограми челик.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730