131
20 shares, 131 points

Повеќе од 360.000 сопственици на автомобили во Австрија коишто се погодени од дизел скандалот, можат да учествуваат во групните тужби против концернот од Волфсбург. Министерството за социјална политика и работничкиот синдикат во Виена, во четвртокот му издадоа налог на Здружението за заштита на правата на потрошувачите да ја покрене тужбата.

Експертизата на Здружението покажа дека вредноста на возилата може да се намали за повеќе од 20 проценти како последица од лажните вредности на издувните гасови на возилата од германскиот концерн. Покрај тоа, можни се дополнителни последици, како намалена моќност и зголемено абење, и покрај извршеното обновување на софтверот.

Оштетените сопственици на автомобили можат да се пријавуваат до 20-ти мај, за на тој начин „да го реализираат своето право на соодветна отштета“, порачува австриската министерска за социјална политика Беате Хартингер-Клајн.

Здруженијата за заштита на потрошувачите сакаат да постигнат иста отштета како сопствениците на возила на Volkswagen во САД

Од Здружението за заштита на потрошувачите продолжуваат со истиот тон, посочувајќи и на можноста некои од сопстениците веќе да ги продале своите возила по пониска цена: „Не смее да се дозволи, толку обемни манипулации да останат без последици и австриските потрошувачи да трпат штета.“

Австриското право не дозволува само една групна тужба да се поднесе до само еден суд, затоа што седиштето на концернот Volkswagen е во Германија. Поради тоа, две адвокатски канцеларии ги собираат одделните тужби и ги доставуваат до судовите во целата земја.

Оштетените можат да учествуваат со незначителен паричен придонес во групните тужби. Преостанатите парични средства ги покрива организација за правна помош, на којашто при позитивно судско решение ќе ѝ биде исплатена одредена отштета.

Новиот шеф на Volkswagen бара повеќе електрични автомобили

Баварци направија подобра „нова буба“ од Volkswagen

Секој втор Volkswagen се продава во Кина

ЕУ бара подобра заштита на купувачите по дизел скандалот

Шпанците се придружуваат во отсакувањето на дизелот


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

131
20 shares, 131 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743