за

По Адам доаѓа следното големо име во Opel: Карл е новиот модел на Германците

Новата Corsa и трендовскиот Adam од следната година ќе добијат уште еден член во друштвото. Opel Karl ќе ја пополни ценовната празнина под Corsa, практично ќе биде Corsa под Corsa.
Од следното лето ќе се комплетира понудата на Opel во ниската класа на возила со комбилимузината со пет врати Karl, како поедноставен и помалечок модел од семејната Corsa и поевтин и попрактичен модел од градското мини со три врати Adam. Името Карл произлегува од темелните вредности на марката Opel и звучи германски, емотивно, блиско. „Покрај тоа, името е кусо, звучно, карактерно и впечатливо“, објаснува Тина Милер, шефицата за маркетинг во Opel.

opel karl 2

Со Karl, Adam и со новата генерација на Corsa, сите претсатвени во временски период од само 30 месеци, од следната година Opel ќе го има најсилното портфолио од мини и мали возила во својата историја. Corsa е најголемиот и најкомфорен модел со должина од четири метри, во каросериски изведби со три и пет врати, додека градското мини Adam со своите 3,70 метри и со трите врати е ориентиран кон животниот стил на купувачите што даваат голема вредност на внесувањето личен печат во возилото, како и на динамиката во возењето. Со 3,68 метри, Karl ќе биде долг колку Adam, но со петте врати и петте седишта ќе биде покорисен во секојдневието.

http://www.youtube.com/watch?v=JWBrYi7t4Vg

Името на комбилимузината е избрано во чест на синовите на основачот на компанијата, Адам Опел. Додека тој бил посветен Opel да стане најголем производител на велосипеди во светот, неговите синови Карл, Вилхелм и Фридрих започнале со производство на автомобили во 1898 година во Риселсхајм и само една година подоцна го претставиле Opel-Patent-Motorwagen.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За следното лето: Кабриолет од серијата 2 на BMW

Ferrari ќе произведува повеќе автомобили со новиот шеф