за

Најштедливиот Jaguar XE ќе троши помалку од четири литри

Најекономичната изведба на идниот Jaguar XE според фабричките норми ќе троши помалку од четири литри дизел. Најголем удел во тоа има каросеријата што во 75 проценти се состои од алуминиум.

Ниту едно возило во средната класа нема поголем удел на алуминиум во каросериската структура од новиот модел на Jaguar. Свежиот конкурент на премиум триото Mercedes C/BMW 3/Audi A4 има каросерија со 75-процентно учество на алуминиум. Британската марка разви алуминиумска легура со висока цврстина специјално за новиот модел XE. Легурата носи ознака RC5754 и во голема мера се состои од рециклиран алуминиум. Лимузината ќе придонесе во остварувањето на целта на Jaguar, 75 проценти од материјалите што марката ги користи за своите возила да потекнуваат од синџирот за рециклирање. Останатите модели од гамата на британската марка со дивата мачка, вклучувајќи ги сериите XJ, XK и F-Type, исто така користат алуминиумска структура на каросеријата. Помалиотбрат на Jaguar XK ќе доживее светска премиера во Лондон, на 8-ми септември.

jaguar-xe_aluminium_-infographic_29071_LowRes

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Италија им дава на возачите, Македонија им одзема

Вработените во Ford ќе добијат службен iPhone