за

Citroen ќе го претстави престижниот теренец DS 6WR во Кина

Идната независна марка на Citroen ќе добие теренец во понудата. DS6 WR произлезе директно од студијата Wild Rubis и ќе доживее премиера во Кина кон крајот на неделава.

Французите ја комплетираат гамата на модели DS со тоа што во моментов не може да биде утка. Компактните теренци продолжуваат да го освојуваат пазарот и им одземаат сé поголем дел од пазарот на класичните модели. DS 6WR е првиот спортски теренец под марката DS и ќе користи 1,6-литарски мотори со моќност меѓу 160 и 200 КС, во комбинација со шестстепен автомаски менувач.

Новиот теренец е значаен чекор за идната самостојна марка на концернот PSA Peugeot Citroen. Шефот Карлос Таварес во понеделникот најави дека ќе ги позиционира престижните модели DS под независна марка покрај Peugeot и Citroen. Овие модели постигнаа голем успех на кинескиот пазар, па оттаму доаѓа и честа салонот во Пекинг да биде лансирна рампа за DS 6WR, но сосема е извесно дека ќе има и верзија од теренецот за европскиот пазар.

Каросеријата е долга 4,55 метри, широка 1.86 и висока 1,61 метар. Место класичен погон на сите тркала, новакот го користи системот Grip Control познат од кросоверите на Peugeot, кој со посебна стратегија на модулирање на вртежниот момент го избегнува пролизгувањето на тркалата на лизгава подлога и овозможува пробивање по теренот. Погонот на сите тркала веројатно ќе се понуди кај хибридната изведба на моделот, по пример на DS5 Hybrid4, каде што електромотори се задолжени за погон на задната оска.

Хромираните прагови ја облагородуваат страничната силуета на теренецот, додека впечатливите алуминиумски носачи на покривот ги нагласуваат испакнатите задни крила. Во носот на возилото се препознава хромираната маска што навлегува во светлата, како детал што беше воведен со моделот DS 5LS, како знак на распознавање на семејството престижни модели.

По DS5 и DS 5LS, компактниот теренец е третиот модел со знакот на DS што ќе се произведува во Кина, во фабриката во Шензен. Продажбата на DS 6WR ќе стартува кон крајот на годинава, а во следниве месеци се очекува претставување на уште еден модел од локално производство.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку заработуваат производителите од продаден автомобил?

Како Ford Mustang ќе се качи на 86-кат на Емпајер Стејт Билдинг?