за

Ford Transit научи да плови со тимот на Top Gear

Комбето Ford Transit има 60 години и досега има доживеано сé, од тркач до противпожарно возило. Но, олку откачено возило како што направи тимот на Top Gear досега не е видено.

Бродовите што лебдат над водата беа еден од препознатливите белези на Ламанш. Овие т.н. ховеркрафти беа гордост на Британците и превезуваа и патници и автомобили. Авторите на култната емисија Top Gear дојдоа на идеја да ја искористат оваа техника на Ford Transit – така се роди Hover Van. Во последната епизода, протагонистите на серијата Џереми Кларксон, Ричард Хемонд и Џејмс Меј пловеа со амфибискиот Transit по реката Авон, изложувајќи ги на ненадеен туш бројните минувачи покрај брегот.

Необичното комби што лебди над слој воздух по потфатот заврши во специјална изложба во авто музејот Белие, покрај Саутхемптон. Во соопштението за печат од музејот пишува: „Hover Van е генијална конструкција и ако се занемари фактот што е гласен, опасен, не се контролира и уништува сé пред себе, тој навистина е брилијантен.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Градски автобуси во Јужна Кореја возат на струја

Колку заработуваат производителите од едно возило?