за ,

Во овие држави во светот се продаваат помалку автомобили отколку во Македонија

Лани во Македонија биле продадени околу 3.200 нови автомобили. Тоа е близу шестпати помалку во споредба со рекордната 2008 година. Во Европа, единствено во Албанија се продаваат помалку нови возила.

Според официјалните податоци што ги објавува светската организација на производители на автомобили, лани во Македонија биле продадени околу 3.200 нови патнички возила. За причините што доведоа до шесткратното намалување на продажбата, по рекордната 2008 година кога беа продадени близу 18.000 возила на македонскиот пазар, дебатирано е многупати. Без премногу мудрувања и објаснувања, го објавуваме овој крајно бескорисен, бесмислен и ненаивен список на држави низ сите делови од светот, коишто според продажбата се подолу од Македонија.

Сите коментари се добредојдени.

  Продажба на нови автомобили во 2015 година Население Продадени возила по 1.000 жители
Македонија 3200 2,069,172 1.55
Кенија 2900 47,251,000 0.06
Бахами 2800 393,000 7.12
Албанија 2500 2,886,026 0.87
Јемен 2300 27,478,000 0.08
Тахити 2300 183,645 12.52
Јамајка 2300 2,723,246 0.84
Ерменија 2300 2,998,600 0.77
Уганда 2200 34,856,813 0.06
Судан 2200 39,598,700 0.06
Замбија 1700 15,933,883 0.11
Габон 1700 1,802,278 0.94
Камерун 1700 23,924,000 0.07
Конго 1600 4,741,000 0.34
Зимбабве 1500 15,967,000 0.09
Малави 1200 16,832,910 0.07
Мадагаскар 1200 22,434,363 0.05
Буркина 1100 19,034,397 0.06
Танзанија 1000 55,155,000 0.02
Камбоџа 1000 15,626,444 0.06
Мијанмар 1000 52,254,000 0.02
Хондурас 900 8,576,532 0.10
Монголија 700 3,080,325 0.23
Белизе 400 368,310 1.09
Либерија 200 4,615,000 0.04
Бурунди 200 10,114,505 0.02

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германската влада со 4.000 евра за секој купувач на електричен автомобил

Кинескиот Qoros се најавува како технолошки предводник