за

Skoda Yeti в година ќе добие поголем брат на база на Volkswagen Tiguan

Skoda Kodiak

Покрај новиот Tiguan, в година пристига уште еден спортски теренец од концернот од Волфсбург. Skoda ќе стартува со продажба на модел долг 4,70 метри, со многу простор по мала цена и со погон на сите тркала по желба.

Skoda Yeti ќе добие поголем брат, а Volkswagen Tiguan ќе добие нов братучед. Чешката марка в година ќе воведе нов спортски теренец во понудата, со места за седум патници. Моделот ќе биде долг 4,70 метри, што значи дека ќе биде барем за половина метар подолг во споредба со Yeti. Неизвесност останува околу тоа дали третиот ред седишта ќе следува стандардно или со доплата, но уште повеќе околу тоа дали големиот теренец ќе го добие името Kodiak или Snowman.

Skoda уште не го открива името на идниот седумсед, иако во браншата подолго време се шпекулира со името Snowman, а неодамна проциркулира и името Kodiak на неколку блогови. „Кодијак“ е вид на кафени мечки и потекнува од Аљаска, а добро се вклопува и покрај дебелокрзнениот „Јети“. Најголема е веројатноста дека серискиот модел при премиерата ќе добие име што тотално се разликува од овие два шпекулативни називи.

Заедно со големиот седумсед на Skoda, в година пристига и новата генерација на Volkswagen Tiguan врз модуларна платформа
Заедно со големиот седумсед на Skoda, в година пристига и новата генерација на Volkswagen Tiguan врз модуларна платформа

Тоа ќе се знае за сигурно во втората половина од следната година, што би значело дека големиот теренец на Чесите ќе доживее премиера на салонот во Париз наесен.
Добро информирани кругови тврдат дека цените на Snowman или Kodiak ќе стартуваат од околу 25.000 евра. Yeti е значително поевтин, но со оваа цена идниот теренец би предизвикал вистинска паника во сегментот на спортските теренци од средната класа. За привлечната цена ќе се покрижи и фактот што моделот ќе ја користи модуларната платформа на концернот Volkswagen, односно ќе ја поседува истата основа како матичниот Volkswagen Tiguan.

Погонот на сите тркала нема да се нуди во основните изведби на моделот и ќе биде достапен само како опција во верзиите со поголеми мотори. Во тој поглед е веројатно дека спортскиот теренец на Skoda ќе ги користи моторите од новиот Superb, во дијапазон на моќност меѓу 125 и 190 КС.

Идниот модел на Skoda нема да ги напаѓа премиум марките, туку повеќе ќе биде насочен кон Hyundai Santa Fe, Mazda CX-5 и Kia Sorento. Сопствениот модел на Volkswagen исто така може да претрпи мал удар од големиот теренец на чешката марка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rolls-Royce Dawn: Четиристотини банки за три тона железо

Ford Focus со нова верзија „Sport“ и со ексклузивна комбинација од бои