за

Наследникот на Citroen C5 ќе се продава само во Кина

На Citroen му претстои замена на моделот од средната класа С5, но според првата дама на француската марка, наследникот ќе се продава само на кинескиот пазар.

Првата дама на Citroen, Линда Џексон, потврди дека претстои замена на моделот од средната класа С5, но не потврди и дали наследникот ќе се продава на други пазари освен на кинескиот. Продажбата на актуелниот модел на големиот азиски пазар се одвива според очекувањата и сосема е логично дека идната генерација на Citroen C5 нема да го пропушти овој пазар. Повеќе се под знак на прашање останатите пазари на коишто е присутна француската марка, вклучувајќи го и европскиот. На европскиот пазар, C5 лани се продаде во близу 18.000 примероци, бележејќи пад од 27 проценти во споредба со предминатата година. Иако продажбата опаѓа, Citroen го држи деветото место меѓу најпродаваните модели во оваа класа во Европа, но тоа се должи на фактот што само малку марки останаа да продаваат модел во средната класа, оставени во сенка од премиум триото Mercedes C/BMW 3/Audi A4. Волуменот на пазарот во оваа класа опадна за 37 проценти наспроти 2011 година. Наспроти тоа, енормно расте продажбата на спортските теренци и кросовери, со зголемување од 21 проценти во споредба со предминатата година.

Датумот на стартот на идната генерација на С5 уште не е потврден. Актуелниот модел дебитираше во 2008 година. PSA Peugeot Citroen го произведува актуелниот С5 во заедничката фабрика со кинескиот партнер Dongfeng во Вухан.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi A4: Сите мотори во новата генерација на бестселерот

Приватниот глисер на Феручио Ламборгини се нуди по астрономска цена