за

Најпродаваните десет модели во Македонија во март

4. HYUNDAI IX35, продадени примероци 56,744 (+19.0%)

Последните статистики за продажбата на нови автомобили на македонскиот пазар носат огромно изненадување. Hyundai ix35 го задржува првото место и во март, но следува големо изненадување и кај вториот најпродаван модел.

Релативно добри вести пристигаат со последната официјална статистика за продажба на нови автомобили во Македонија. Во првите три месеци од 2015 година се продадени вкупно 1.018 нови автомобили, што претставува пораст од 5 проценти во споредба со првото тримесечје лани. Продажбата само во март, пак, носи бројка од 414 нови регистрирани возила, односно 2 проценти повеќе отколку во ланскиот март.

Volkswagen Passat 2.0 TDI Highline на тестот на Automedia.mk
Volkswagen Passat 2.0 TDI Highline на тестот на Automedia.mk

Изненадувањето од февруари продолжува и во третиот месец од годинава. Додека лани не успеваше да се пласира ниту меѓу десетте најпродавани модели во Македонија, годинава Hyundai ix35 веќе два месеца по ред е на првото место, со 30 продадени примероци во март, односно 74 примероци во првиот квартал. Македонската бизнис лимузина, како што заслужено може да се нарече Volkswagen Passat, со својата апсолутна доминација во сегментот на средната и вишата класа, продолжува со уште подинамично темпо во новата генерација на моделот, иако во значително влошени пазарни услови. Големиот Volkswagen во март само за еден примерок помалку го пропушти првото место, со 29 примероци, односно вкупно 48 во првиот квартал.

Со продажба на 17 примероци којашто произлегува единствено од огромните пропусти пред воведувањето на новата генерација на моделот, Opel Corsa се најде на третото место во март, со голем заостаток зад многу поскапите модели од неа и само еден продаден примерок повеќе од традиционалниот шампион на македонскиот пазар, Volkswagen Golf. На ниво на квартал, Golf и натаму е во предност, со 42 наспроти 31 примерок на Opel. Стандардно добро се држи и Dacia Duster, на шестото место со 26 примероци во првите три месеци од 2015 година.

Продажба на нови автомобили во Македонија во април 2015

Поз. Модел Март 2015 % 2015 % Јан.-Мар. 2014
1 Hyundai ix35 30 7.2% 74 7.3% 1
2 VW Passat 29 7.0% 48 4.7% 4 9
3 Opel Corsa 17 4.1% 31 3.0% 6 8
4 VW Golf 16 3.9% 42 4.1% 5 1
5 Fiat Doblo 15 3.6% 28 2.8% 7 7
6 Dacia Duster 13 3.1% 26 2.6% 8 3
7 Kia Sportage 12 2.9% 26 2.6% 9 ­
8 Ford Fiesta 11 2.7% 4
9 Skoda Octavia 11 2.7% 5
10 Skoda Rapid 10 2.4% 56 5.5% 2 2
Ford Focus 49 4.8% 3 6
VW Caddy 22 2.2% 10

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жеден возач греши исто колку пијан возач

Daimler го претстави првиот камион што управува самостојно