за

Четириесеттонски камион на струја вози за BMW

BMW летово ќе пушти 40-тонски камион со погон на струја да врши редовна дистрибуција на стока до фабриката во Минхен. Со тоа, BMW е прва германска марка што користи електричен камион со оваа големина во јавен сообраќај.

Заедно со партнерот во логистиката Scherm, групацијата BMW летово ќе започне да користи 40-тонски камион со електричен погон на подрачјето на градот Минхен. Електричниот камион ќе биде ангажиран во навремена дистрибуција на материјали меѓу претпријатието за логистика Scherm и фабриката на BMW во Минхен. Осумпати дневно, е-камионот ќе вози на релација од близу два километри и со тоа ќе ја поштеди животната средина од 11,8 тони СО2 на годишно ниво. За споредба, тоа е количината на јаглероден диоксид што суперштедливиот BMW 320d Efficient Dynamics би ја произвел доколку трипати го обиколи светот. На тоа се надоврзува и фактот што повеќе од половина од потребата од струја, BMW ја покрива од обновливи извори.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Направи сам: Го-карт од дрво за 575 долари

Defender со модна линија на сер Пол Смит