Volkswagen Passat е европски автомобил за 2015 година. Првиот човек на развојното одделение Хајнц-Јакоб Нојсер ја прими наградата на отворањето на салонот на автомобили во Женева. Жирито составено од 58 специјализирани новинари за автомобилизам од 58 држави претходно номинираше седум кандидати за финалето. Во последните месеци, седумте автомобилски новитети беа подложени на темелно тестирање и меѓусебно споредување во поглед на штедливоста, комфорот, безбедноста, возните својства, функционалноста, дизајнот и техничкиот напредок. На крајот победи Passat со 340 бодови. Во завршниот круг влегоа уште BMW 2 Active Tourer, Citroen C4 Cactus, Ford Mondeo, класата С на Mercedes-Benz, Nissan Qashqai и Renault Twingo.
за Салони