за ,

Детроит 2015: Петстотини КС за Ford F150 Raptor

Гамата на најпродаваното возило во САД во последните три децении е крунисана со Ford F-150 Raptor со 500 КС

Ford лани го претстави новото издание на пикапот F150, најпродавано возило во САД во последните 30 години. Сега следува и „спортската“ верзија Raptor со мотор со 500 КС.

За разлика од моделот од претходната генерација којшто имаше мотор V8 со зафатнина од 6,2 литри и моќност од преку 400 КС, под моќната хауба на новиот модел работи „само“ 3,5-литарски мотор од генерацијата Ecoboost, но затоа тој има точно 500 КС. Оваа моќ се пренесува на сите тркала преку десетстепен автоматски менувач, а соодветно на моќта е преработено и подвозјето, со поголеми одови на водењето на тркалата и со солидна резерва за „бркање“ по беспаќата.

Според Ford, Raptor ја има најсилната варијанта на шасија во целата програма на пикапот F150. За брзи тури по пустините служи специјалниот тркачки модус „Baja“ во понудата од електронски регулирани програми за возење по терен. Со ЛЕД светла и систем од камери, Ford F150 Raptor е опремен за сите пригоди и услови. Купувачите сепак ќе мораат да се стрпат, затоа што Ford планира да го пушти моделот во продажба дури в година.

ford raptor 2

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Американците го избраа Volkswagen Golf за автомобил на годината

Детроит 2015: Втора генерација на електромобилот Chevrolet Volt