за

Cadillac со 640 КС им се спротивставува на Audi RS7 и BMW M5

Американците повторно им објавуваат војна на RS7 и M5, но овојпат се многу посериозни во своите намери. CTS-V има 640 КС и ќе доживее премиера во јануари на салонот во Детроит.

Марката Cadillac упорно опстојува во својата идеја да се врати во избраното друштво на премиум марки, покрај Audi и BMW. Секој нов обид во таа насока е посилен и посериозен. Спортската изведба на новиот Cadillac CTS-V ги победува конкурентите BMW M5 и Audi RS7 во сите релевантни критериуми. Лимузината со мотор на суперспортски автомобил ќе доживее премиера во средината на јануари, на салонот во Детроит.

cq5dam.web.1280.1280

Моторот не може да биде друго освен V8, со раскошна работна зафатнина од 6,2 литри. Тој добива дополнителна поддршка од компресорско натполнење, коешто сега пумпа 640 КС и вртежен момент од 855 њутнметри. Со осумстепениот автоматик може да се ракува и преку рачките на воланот, и според ветувањата на американските инженери, се одликува со исклучително брзо менување на степените. Со тежина од 1.880 килограми, Cadillac забрзува до 60 милји на час (96 km/h) за 3,7 секунди, а крајната брзина изнесува 323 km/h. За задните тркала сигурно да ја пренесуваат бруталната моќ врз асфалтот, се користи електронски управувана блокада на диференцијал.

http://bcove.me/l1xkfck4

Други повпечатливи детали се хаубата од ламинат од карбонски влакна, електронска регулација на амортизерите, систем за соприање Brembo со шестклипни клешти и дискови со пречник од 390 милиметри напред и 365 назад. Будноста на нонтролата на стабилноста може да се регулира во четири степени. Бандажите од 19 инчи носат гуми со димензија 265/35 напред и 295/30 назад.

cq5dam.web.1280.1280 (1)

Внатрешноста пречекува со кожени седишта од Recaro, со електрично дотерување и средишен дел од превртена кожа. Спортската опрема ја дополнуваат спортски волан, проекциски дисплеј, можност за индивидуално местење на приказот на таблата со инструменти, озвучување Bose, мултимедиски систем со говорна команда и пристап на интернет. Со доплата е достапен комплет спојлери од карбон. Цените за американскиот пазар ќе бидат објавени на салонот во Детроит.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Првиот техничар на BMW M преоѓа во Hyundai

Зимска јакна и безбедносен ремен не се поднесуваат