за

Suzuki воведува двојна смена за новата Vitara

Место и натаму да се фаќа во костец со Toyota RAV4, новата Vitara се префрлува во класата на Opel Mokka, кадешто има многу поголем пазарен пораст

Suzuki повторно ќе произведува во две смени во фабриката во Унгарија, за стартот на новата генерација на Vitara во декември. Јапонците очигледно веруваат многу во новиот модел.

Специјалистот за мини и теренски возила ја претстави новата Vitara на салонот во Париз пред еден месец. Продажбата на моделот ќе стартува во јануари, во нова конкуренција со Opel Mokka и Honda HR-V. Фабриката во Ештергом во минатите неколку месеци работеше во една смена откако заврши производството на миниванот Splash и на претходната генерација на кросоверот SX4. Актуелната генерација на Swift, кој воедно е и бестселер на марката на европскиот пазар, продолжува со производство во Унгарија, исто како и новиот кросовер SX4 S-Cross.

Во првите десет месеци од годинава, Suzuki забележа впечатлив пораст во продажбата на европскиот пазар од 10 проценти и моментно постигнува пазарно учество од 1,3 процент. Новата генерација на Vitara е развиена посебно за европскиот пазар и засега не се планира таа да се продава на другите пазари. Експертите очекуваат новата Vitara да постигне продажба од околу 25.000 примероци во првата полна година, во 2016, односно околу 30.000 примероци во 2017 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi го зголемува производството на хибридниот A3

Mazda2 во лимузинска изведба – Но не е за Европа