за

Електричниот Nissan Leaf постигнува рекордни продажби во Европа

Nissan Leaf се продава во двапати повеќе примероци од сите други електрични автомобили заедно

Храбрите ги следи среќата, вели една поговорка. Nissan го погоди вистинскиот момент да го пушти електричниот Leaf во серија и денес продажбата на електромобилот расте од месец во месец.

Nissan Leaf продолжува со одличните продажни бројки. Од стартот на првата генерација на моделот во декември 2010 година, досега се продадоа преку 135.000 примероци од пионерскиот автомобил со електричен погон. Во меѓувреме, за најпродаваниот електричен автомобил на светот почнува да се интересира и европскиот пазар. Само во септември, во Европа се продадоа 1.986 примероци од Leaf, што е втор најдобар месец од почетокот на продажбата.

Одлични резултати постигнува продажбата во Велика Британија, со 851 возило во септември и зголемување од 156 проценти во споредба со ланскиот септември. Тоа е воедно и највисока продажба постигната во еден месец на европскиот пазар. Nissan Leaf се продава во двапати повеќе примероци од сите други електрични автомобили заедно. Во Велика Британија веќе 80 проценти од мрежата од автопатишта е покриена со брзи полначи за струја, а залет зема и Германија. Сите возачи на електрични автомобили, без разлика на марката, можат да ги користат полначите на Nissan. Бесплатно. Во меѓувреме, електричниот Leaf ја почна и службата како такси возило на улиците во Рим.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јахта од Toyota со два мотора од Land Cruiser

15-годишнина на моделите Х на BMW