за

Газдите на BMW се најбогато семејство во Германија

Фамилијата Квант располага со капитал од 31 милијарди евра, со што се најде на врвот меѓу најбогатите семејства во Германија

Фамилијата Квант располага со 31 милијарди евра со што се наоѓа на врвот меѓу најбогатите германски семејства. На истиот список се наоѓа уште едно „автомобилско семејство“.

Газдите на „Баварската фабрика за мотори“ ги потиснаа сопствениците на синџирот супермаркети „Алди“ како најбогато семејство во Германија. Наследничката на BMW, Сузане Клатен, заедно со нејзиниот брат Штефан Квант и мајката Јохана Квант, располагаат со капитал од 31 милијарди евра. Во последните дванаесет месеци, вкупниот капитал на најбогатите сто Германци се зголемил за 19 проценти, на близу 400 милијарди евра, меѓу другото благодарение на поволните берзански движења и високите добивки на фирмите.

За прв пат по десет години, членовите на фамилиите Албрехт, како сопственици на синџирот дисконти „Алди Југ“ (на второто место со 18,3 милијарди евра) и „Алди Север“ (на четвртото место со 16,5 милијарди евра), повеќе не се на првите места. На третото место со капитал од 17,6 милијарди евра се Георг и Марија-Елизабет Шефлер, сопственици на добавувачот на автомобилската индустрија Schaeffler. Петти најбогат Германец е Дитер Шварц, основач на дисконтите „Лидл“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дволитарскиот бензинец на Volvo постигнува моќност од 450 КС

Специјална серија на Opel Adam дизајнирана од Брајан Адамс