за

Овој Porsche минува 36 километри без бензин

5. PORSCHE CAYENNE, продадени примероци 10,071 (+44.6%)

Спортската марка на Швабите напредува брзо и во хибридниот погон. Panamera S E-Hybrid е веќе трети модел на Porsche со две срца и троши само 3,6 литри бензин на сто километри.

Централно место на штандот на Porsche во Париз ќе има освежената верзија на Cayenne, којашто на прв поглед може и да не се резликува од другите модели околу неа – освен што во неа работат две срца. Станува збор за Cayenne S E-Hybrid, единствениот теренец во премиум сегментот што користи хибриден погон со можност за надворешно полнење на батериите – т.н. плагин хибрид. Универзалецот на Porsche е трет модел со ваков погон, покрај Panamera S E-Hybrid и 918 Spyder. Иако другите марки ќе кренеа многу голема врева околу тоа, никој друг производител нема толку плагин хибриди во понудата.

Хибридниот Cayenne троши 3,4 литри бензин во првите сто километри, што покрај големината на возилото и погонот на сите тркала секако дека претставува вредност за почит. И пазарот ги почитува хибридите на Швабите. Во првите осум месеци, 1.513 од вкупно продадените 16.698 примероци од Panamera, беа со хибриден погон. За хибридниот Cayenne се очекува исто толкаво учество во продажбата на моделот.

Надворешни белези на Cayenne S E-Hybrid, покрај натписите на каросеријата, се сопирачките клешти во зелена боја, додека во внатрешноста оваа впечатлива боја се користи за стрелките на инструментите. Техничкиот напредок во споредба со претходникот Cayenne S Hybrid, произлегува од литиум јонската погонска батерија со капацитет од 10,8 kWh (претходно 1,7 kWh, никел-метал-хидрид), што во зависност од условите и теренот овозможува меѓу 18 и 36 километри возење на струја. За повеќето возачи тоа е сосема доволно за возилото да се остава на полнач само преку ноќта. Зголемена е и моќноста на електромоторот, од 34 на 70 kW (95 КС). Соодветно е намалена и просечната потрошувачка, од 8,2 на 3,4 литри бензин.

Cayenne S E-Hybrid

Погонската спрега е идентична со Panamera S E-Hybrid. Педалата за гас има точно одредена положба по којашто се вклучува и бензинскиот мотор, што му олеснува на возачот да манипулира со работата на хибридот. Комбинираната моќност на трилитарскиот бензинец со турбонатполнење и на електромоторот изнесува 416 КС, додека вртежниот момент изнесува 590 Nm. Забрзувањето до сто трае 5,9 секунди, крајната брзина е 243 km/h. На батерии се вози максимално со 125 km/h.

Хибридниот Cayenne поседува Porsche Car Connect како стандард. Преку паметен телефон може оддалеку да се отчитаат наполнетоста и преостанатиот досег на возилото, или пак да се вклучи опционалната климатизација при мирување на возилото во место. Таа ја загрева или разладува кабината, за возачот да има пријатна клима кога подоцна ќе седне во возилото. Услов е сепак возилото да биде приклучено на полнач – за полни батерии е потребно Cayenne да виси на штекер три часови, односно час и половина на брз полнач.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпродаваните модели во Европа за месец август

Honda Civic во освежено издание за салонот во Париз